
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, заедно со Хуманитарната организација Свети Спас, реконструираа дом на семејство со детенце заболено од церебрална парализа во Припор.
-Водејќи се од демохристијанските вредности во изминатиот период имавме голем број на хуманитарни активности. Во таа насока е реконструкцијата на овој објект на семејството Величковски. Свесни сме дека не може да помогнеме на секого, но секој може да помогне на некого, истакна претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисел вода Орце Ѓорѓиевски.
И во наредниот период, додаде, ќе продолжиме со активности од ваков карактер. Наша мисија, визија и цел и во наредниот период ќе биде што помалку тажни лица на нашите соседи во Кисела Вода.