Срамота е како партија која е на власт да држите прес- конференција со две реченици. За овие Ваши две реченици со аргументи можеме да зборуваме 200 дена. Благодарение на заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот Ристески и општина Прилеп се донесени 3 странски инвестиции во нашата општина. Во Гентерм и Акомпласт има 1300 вработени, а се очекува да достигнат 2000, реагираат од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп на прес-конференцијата на СДСМ.
„Само пред месец дена е ставен камен темелникот на новата странска инвестиција WIK која ќе генерира нови 2.000 вработувања. Исто така, со средства од буџетот на општина Прилеп се отворени и локални индустриски зони за локалните инвеститори, каде веќе се отворени првите објекти. Овие заложби резултираа со зголемување на бројот на вработени од 15.000 во 2006 година на 22.000 во 2017 година“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека добро е СДСМ да ги види условите за работа и инвестициите во здравство, образование, како и инфраструктурните проекти реализирани во овие години во Прилеп.
„Граѓаните на Прилеп и Македонија препознаваат кој работи во интерес на граѓаните, а кој во 3 месеци ја распродаде државата?! Граѓаните знаат дека СДС како и во минатото кога биле на власт го стопираа зголемувањето на пензиите, покачувањето на платите, ја стопираа реализацијата на сите тековни проекти. Најголемите злодела за прилепчани се случени во времето кога СДС биле на власт. Во тоа време се уништи здравството, образованието, се затворија фабрики. СДС генерираше најголема невработеност. На 15-ти oктомври граѓаните ќе пресудат на овие штетни политики кои ги води Владата на СДС“, стои во партиската реакција.