Русија во понеделникот ја поздрави „драматичната промена“ во сирискиот судир, објавувајќи дека сириската армија со помош на руската воена помош целосно ја ослободила северната сириска покраина Алепи од џихадистите и другите групи кои ги смета за терористички, како и дека е на добар пат да ги истисне милитантите од централниот дел на оваа земја на Блискиот исток која е зафатена од граѓанската војна од март 2011 година.
Генерал-полковникот Сергеј Рудској во соопштението на руското министерство за одбрана истакнува дека покраината Алепо е „целосно ослободена“ откако сириската армија ја вратила контролата над 50 населени центри и повеќе од 2.700 квадратни километри територија.
„Изминатиот месец се случи драматична промена во Сирија. Сириската војска со помошта на руските воздухопловни сили постигна низа значителни успеси и зададе важен пораза на групата борци на Исламската држава во централниот дел на Сирија“, истакнува Рудској.
Според него, во областа на Акербат е опколена голема групација на милитантите, и наскоро градот ќе биде ослободен. Сириската војска, исто така, ја заземала стратешки важната населба ес-Сухне и без започнување офанзива настапува кон Деи-ез-Зор, во истоимената покраина.
Рудској истакнува дека Русија ги засилила своите извидувачки и мисии на бомбардирања во таа област, како и дека на екстремистичката група сириските војски ѝ се приближуваат од три страни.
„Токму таму се групираат силите кои им преостанаа. Според нашите информации, во овој регион се префрлиле најспособните единици на Исламската држава од Рака, којашто сепак и по три месеца не може да заземена од (опозициската курдско-арапска коалиција) Сириски демократски сили (SDF) кои ја имаат поддршката од САД и нивните сојузници“, додава Рудској.
Рускиот генерал открива и дека сириските единици напредуваат меѓу 30 и 40 километри секои 24 часа и дека со помош на Русија користат нови борбени стратегии, како ненадејни хеликоптерски десанти.
„Крајната цел е да се уништат последните упоришта на терористите во областа на Деир-ез-Зор“, заклучува Рудској.