Груевски во Драчево: Во тек е изградба на нова сала во училиштето „Рајко Жинзифов“

Во тек е изградба на нова училишна спортска сала во основното училиште Рајко Жинзифов, во населба Драчево, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој беше во посета на оваа скопска населба.

-Во тек е рехабилитација на улица Сердарот, во вредност од 10 милиони денари во село Драчево, дополнително предвидена е и фекалната канализација во должина од 600 метри во вредност од 8 500 000 денари, рече Груевски.