
Младите ракометарки на Грција кои не сакаа да играат против Македонија на ЕХФ Шампионатот за играчи до 17 години кој се одржа во Скопје, беа примени од грчкиот претседател и пофалени за гестот кој го направија. Павлопулос ја обвини Македонија за иредентизам.
На натпреварот кој требаше да се одигра во Кале, грчките ракометарки решија да го напуштат теренот по само пет минути игра поради тоа што на тренерките на нашиот стручен штаб стоело името Македонија.
Поради таквиот потег ЕХФ реши да ја исфрли Грција од шампионатот. И ако за Македонија и за останатите учеснички кои беа дел од првенството, гестот на грчките ракометарки изгледаше срамен, тој наиде на херојски почести во нивната земја.
Ракометарките на Грција беа примени од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со зборовите: „Ја одбранивте нашата држава, вие сте пример за вашата Генерација. Ви благодарам што сте тука“.
Девојчињата кои се уште не се ни полнолетни, беа искористени за грчката пропаганда против Македонија и тоа од претседателот на државата.