
Идентификувано е обезглавеното тело пронајдено во водите во близина на Данска. Станува збор за изчезнатата шведска новинарка Ким Вал (46) соопшти полицијата.
ДНК на торзото е исто исто со ДНК на Ким Вал, наведуваат на официјалниот твитер профил на данската полиција.
Вал последен пат е видена жива на 10 август, кога со научникот Петер Мадсен отишла на патување со подморница.
Подморницата потона неколку часа подоцна, а Мадсен е обвинет за убиство од небрежност.
Иако прво тој изјави дека Ким ја префрлил на копно во близина на Копенхаген, подоцна рече дека таа починала во несреќа и дека тој ја „погребал“ на море.


Обезглавеното тело е пронајдено во понеделникот, а полицијата тврди дека рацете, нозете и главата се намерно отсечени.
Новинарката со данскиот бизнисмен работела на приказната за неговата подморница долга 18 метри во која тој вложил 200 илјади долари.