Македонија, нејзината дипломатија и надворешната политика го допреа дното

Српските политички челници излегоа со конкретни забелешки за, во најмала рака кажано, непримерно дејствување од страна на македонските служби во однос на српските дипломати во земјава, а прозваната Влада на Зоран Заев сé уште молчи, очекувајќи веројатно одговорот да ѝ биде напишан од нарачателот на нејзините (не)дипломатски активности, а истовремено од Атина пред претстојната посета на нејзиниот шеф на допломатијата надежите на Скопје за брзо надминување на спорот со името стигна врела шлаканица.

Имено младите ракометарки на Грција кои го напуштија теренот на мечот против Македонија на ЕХФ Шампионатот за играчи до 17 години кој се одржа во Скопје, беа примени од грчкиот претседател и пофалени за гестот кој го направија. Павлопулос ја обвини Македонија за иредентизам.

Ракометарките на Грција беа примени од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со зборовите: „Ја одбранивте нашата држава, вие сте пример за вашата Генерација. Ви благодарам што сте тука“. Девојчињата кои уште не се ни полнолетни, беа искористени за грчката пропаганда против Македонија и тоа од претседателот на државата.

„Ако секогаш сме имале дилеми зошто Балканот никогаш не успеал да се зближи, еве сега во живо ги имаме одговорите. Клучот е, сепак, Македонија. Соседите и натаму работат на тоа да бидат владетели со Македонија, а јасно е дека никогаш за тоа нема да се согласат“, смета аналитичарот Христо Ивановски, долгогодишен уредник на надворешнополитичките рубрики во влијателните македонски медиуми.

Од Атина веќе подолг период пристигнуваат пораките дека грчката страна нема намера да отстапи од своите позиции за „име за целосна употреба“ и покрај уверувањата на Владата во Скопје дека е подготвена за влез на земјата во НАТО под референцата БЈРМ. Но таква понуда имаше и во Букурешт во 2008 година, кога Атина остана на својот став за исклучивост во уставното име на земјата да се содржи поимот „Македонија“.

„Според мене, првата слабост што ѝ беше покажана на Атина од наша дипломатска страна, од самиот премир со давањето изјави уште пред да стане премиер, дека македонската допломатија треба да ја следи политиката на ‘свитканата кичма’, а гледаме дека, за жал, таквиот премир го следи и неговиот министер за надворешни работи. Таквиот пристап само оди во прилог на официјална Атина да продолжи со притисокот врз Република Македонија, на дипломатски, политички план, со блокада на евратланските интеграции…“ вели за НетПрес, Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи.

Според него, за нашата земја ќе беше многу покорисно долку наместо политиката „да се свитка кичмата“се бараше од Атина и од сите членки на НАТО да ја следат и почитуваат пресудата од Меѓународниот суд на правдата во врска со одредбите од Времената спогодна меѓу двете државо.

„Очекувам и во следниот период да нема причина Грција да биде пофлексибилна доколку сегашната македонска влада продолжи да го има ‘витакањето на кичмата’ како главен постулат во водењето на нашата надворешна политика“, предвидува Милошоски.

Во понеделникот, пак, српскиот печат излеза со наслови: „Заев, ни заби нож во грб“, „Заев и’ објави војна на Србија“, „Македонските служби следеле и заплашувале српски дипломати“, „СКАНДАЛ: Македонците го прислушувале дури и Вучиќ“. Во текстовите се обвинува македонската влада дека ги следела и прислушувала српските дипломати. На што претходеше нанадејната одлука на Белград да ги повлече на консултации сите припадници на персоналот на српската амбасада во Белград.

Владата на Заев којашто упорно четврти ден по ред суштински молчи, доколу се иземе бледиот настап на шефот на дипломатијата Никола Димитров, се обиде преку своите медиумски инсталации да го релативизира овој потег на српската страна, во кој неграмотни дипломатски наводни аналитичари ќе перцепираат дека станува збор за потег „без преседан“ во односите меѓу двете земји во повлекување на дипломатите од Скопје.

Но, многу брзо шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, упати многу прецизна порака до властите во Скопје „дека треба да разберат оти во Белград знаат сé“.

А, тоа е веќе вистинска преседан, кога една власт и нејзината дипломатија, заедно со разузнавањето добива порака од соседна земја дека „знае сé што договарале или за што се договориле“, а тоа, како што наведе Дачиќ како и српскиот претседатело Александар Вучиќ во итнервјуто за РТС „е нешто што не им се прави на пријателите“.

Ефектите од ваквата политика, вели натаму Милошоски, се и најновите случувања поврзани со соседна Србија, каде што имаме една политика на измешани национални и интереси на групи поединци, и во Скопје и во Белград.

„Тука не станува збор за односите на Заев и на Вучиќ, туку за групите околу Заев, како медиумскиот могул Алесксандар Родиќ, организацијата Канвас којашто учествуваше во инсталирањето на Заев, специјалните советници како Зоран Башановиќ за економија и Александар Обрадовиќ за советник во ЕЛЕМ“, вели Милошоски.

Целата оваа инсталација од влијателни српски медиумски и бизнис тајкуни, според него, би требало по логиката на нештата да навестува подобра бизнис и дипломатска соработка, како со земај којашто саедно со другите соседи е значаен наш трговски партнер.

„Но, за жал, наместо на подобрување на составите, доаѓаме до еден критичен момент. Зашто според Виенската коневенција за дипломатските односи целосното повелекување на персонал од амбасадата значи замрзнување на дипломатските односи“, оценува порашеншниот шеф на македонската а дипломатија.

Милошоски заклучува дека ваквата моментална криза нема да оди ниту во прилог на Скопје, ниту во полза на Белград, имајќи предвид дека Србија заедно со другите соседи, како Грција и Бугарија, е еден од најголемите трговски партнери на Република Македонија.

 

Дали јазолот на прислушуваните разговори на Заев ќе започне да се одмотува од Белград

Имајќи ги предвид сознанијата на белградските медиуми, поткрепени и со дипломатските но многу прецизни изјави на српското водство, владата на Заев е фатена во еден многу непријателски чин кон странска држава: следење и прислушување на нејзините дипломати во Скопје, па дури и на нејзините врвни политички личности.

И тоа кога не може да го демантира тврдењето на Дачиќ дека „Не постои ништо врз основа на што би можело да се утврди дека Србија на каков било начин презела нешто против интересите на Македонија. Напротив, имавме предвид дека тоа е република од поранешна Југославија чиј континуитет Србија го продолжи со Македонија“.

Во ситуација кога една соседна држава прави дипломатски чекор кој претставува ниво на објавување отворено непријателство со обвинување на македонската влада за соучество во прислушување на соседна земја, одговорот на прес-службата на Владата е во најмала рака дезертерски.

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Во врска со конкретниот случај, неносејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“, се огласи владината служба за информирање во Скопје со безлично соопштение одбегнувајќи да ја одбегне суштината на интересот и на медиумите и на јавноста пошироко во регионот, нешто што беше апострофирано и во подоцнежната изјава на шефот на дипломатијата Димитров.

Клучното прашање на коешто ќе мора да одговори Заев е чиј разузнавачки сервис изигрувало македонско прислушување. Засега не може да се зборува за ангажираност на македонските тајни служби, бидејќи не е познато дали следењето на српските дипломати е водено преку нив или, пак, станува збор за поединци под контрола на партијата на Заев.

Но многу интригантен е делот од обвинувањата дека станува збор за разузнавачки активности и притосоци врз странски дипломати во полза на трета страна, во контектсот на „чадорот“ кој го овозможи поседувањето на прислушувани телефонски разговори на водечките личности од претходната македонска влада на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Зоран Верушевски и соработниците, сите протагонисти на сличната афера „Големото уво“ од пред 17-ина години. „Чадорот“ кој е всушност најзаслужен за забошотување на случајот „Пуч“, круцијалниот момент во кој преку судска постапка ќе се дојдеше до сознанија кој навистина, и особено со чиј благослов, прислушувал во Македонија. По што и буквално во власта е инсталиран Зоран Заев.

Оттаму, доколку бидеме сведоци на дипломската дрскост и смелост на Белград, кој според тврдењето на Дачиќ „знае сé“, јавноста би трабало да биде, ако ништо друго барем од љубопитност, заинтересирана до каде води трагата на Заевото прислушување на српските дипломати и политичари.

 

Ефектот на политичкиот дилетантизам на тимот на Заев

„На крајот, она што најмногу ме изненадува е тоа што во време на вакви големи скандали, шефот на дипломатијата и првиот човек на владата, во најмала рака, ако не уште првиот ден, веќе следниот, како што се обврзани на транспарентноста на којашто се повикуваа, требаше да ѝ објаснат на јавноста за што станува збор и што ќе преземат за да не се претрпат штети. А гледаме дека Димитров и Заев молчат и оставаат простор за медиумските шпекулации. Покажуваат несфатлива лежерност во оваа ситуација, како и неодговорност кон граѓаните“, заклучува Милошоски во својата оцена за настапот на македонската дипломатија.

Според се судејќи, реакцијата на Србија внимателно е подготвувана подолг период во кој биле обезбедувани „докази“ и е сервирана правовремено во период кој е значаен за српските интереси и во контекстот на наводно поставување на предлогот за прием на поранешната српска јужна покраина сега Република Косово во УНЕСКО, од страна на Македонија. Меѓутоа, исто така, е малку веројатно дека во Белград би се решиле на ваков драстичен чекор, имајќи го сепак инструментариумот на билатерално дипломатско дејствување во спомената насока.

„Кога зборуваме конкретно за односите со Србија, тие веќе од нашето осамостојување биле топло-ладно, Србија (СРЈ) последна од бившите ју-републики нé е призна, ни наметнуваше економски бариери, политички притисоци како сега и е многу несреќна дипломатска игра особено заради српското и македонското малцинство кои живеат во двете земји и немаат ама баш никакви проблеми“, потсетува Ивановски.

Сепак, како и да е, и без разлика на тоа кој какви емоции во власта и во земјава има кон Србија и кон сегашното тамошно раководство, јасно е дека станува збор за целосен дилентатизам од страна на Владата водена од СДСМ, или поточно на Зоран Заев. Неукост којашто се граничи со полтронство, како што веќе еднаш забележавме, кога ќе се имаат предвид ефектите од диломатијата што ја води сегашната власт во Скопје. Од „удирањето од земја“ од страна на Атина во поглед на наводното нејзино спуштање на сопствените „цревни линии“ во однос на одблокирањето на македонските евроатлантски интеграции, прифаќањето на платформа којашто треба на малцинска заедница со матица во соседството да ѝ овозможи да го дели суверенитетот на Република Македонија, до договорот за добрососедство со Бугарија, во кој и без разлика на најдобрите намери на Заев или неговите перцепции за „заедничката историја“ е исто така дилетантски од дипломатски апсект кога станува збор за заштита на интереси на една општествена групација како што е суверена и меѓународно призната држава каква што е Република Македонија.

„Договорот со Бугарија за пријателство, добрососедство и соработка иако не е ратификуван од парламентите, сепак, предизвика многу реакции, особено кај Атина која веднаш испрати опомена Бугарија да не се меша околу спорот со името. Србија, пак, токму сега откри проблеми со интензивно шпионирање на нивниот дипломатски персонал, нешто што, сепак, дојде како гром од ведро небо, но и да опомене дека ако Македонија гласа за прием на Косово во УНЕСКО тогаш ќе се преиспита признавањето под уставното име, што веднш нé упатува на помислата дека е активирана оската Атина-Белград. Згора на тоа, и како домашен, но и како регионален проблем ја имаме Тиранската платформа, на што повеќепати постети Никос Коѕијас, што само дополнително е причина за зголемен притисок врз Македонија. Јасно е дека сите, ама сите од Албанија, Грција, Србија и Бугарија се однесуваат патерналистички кон Македонија“, забележува Христо Ивановски.

Од начелото на „свиткана кичма“, вели Милошски, од овој постулат кој беше поставен од Заев и, претпоставувам, од неговите ментори, произлезе и квалитетот и содржината на договорот со Бугарија.

„Во Софија правилно оцениле дека на Заев му се поважни временските рамки и во кои ќе потпише договори и за кои ќе биде пофален, отколку заштитата на националните и на државните интереси. Тие поставиле она што е добро за нивните интереси. И затоа не е воопштпо чудно што е склучен договор којшто според својата содржина е штетен по Македнонија, а е во нивен интерес, што е нов резултат од политиките на Заев и Димитров на ‘виткање на кичмата’“, комстатира Милошоски.

Уште во периодот пред да го добие мандатот за составување на владата, кога во соседството Заев ја водеше кампањата претставувајќи се како политичар подготвен на компромис и соработка, по серијата гафови го поставивме прашањето: Дали станува збор за толкав интелектуален капацитет или за всаден ментален склоп на полтронство на Заев кој со својата серија гафови, бездруго би предизвикувал меѓународни скандали.

„Мислам дека ЕУ и САД, во прв ред, Германија и Америка ја охрабруваат Македонија по секоја цена да издржи на патот кон евроатлантските интеграции, па затоа и ја водиме дипломатијата на шармот и позитивниот однос кон сите добрососедски или лошососедски. Очигледно е дека нашите соседи речиси воопшто не се промениле, па дури некои и ја заоструваат својата реторика во однос на Македонија, а токму Македонија е таа која се менува, и тоа брзо. Да заокружам – на сите им е јасен лошиот договор со Бугарија, сите знаат што значи Тиранската платфрома, грчките црвени линии за името, но главното прашање е дали цената која ќе ја платиме за евентуално членство во НАТО и во ЕУ е вредна за влогот кој сега оваа влада го става на маса“, вели Ивановски.

Ваквиот (не)стил на водењето на надворешната политика, уште еднаш да повториме, е особено опасно во лесно запаливиот регион и особено што своето учество на политичката сцена лидерот на македонските социјалдемократи го темели на поддршката однадвор, а не од граѓаните на сопствената држава.