
Државениот санитарен и здравствен инспекторат во средата елекронски ја добил завршната информација од Центарот за јавно здравство – Скопје, во врска со труењето од Сендвичара “7” во Скопје во која во стручното мислење стои дека се кај шест лица од претходно пријавените 43 случаи е потврдено труењето со бактеријата салмонела
„Врз основа на должината на инкубацискиот период, клиничката слика на затруените лица, епидемиолошката анкета, епидемиолошката поврзаност на затруените лица, докажување на бактеријата Salmonella enteritidis кај 6 (шест) затруени лица можеме да констатираме дека се работи за труење со храна предизвикано од Salmonella enteritidis”, го цитираат од Државниот санитарен инспекторат наодот од ЦЗЈ.
Од Државениот санитарен и здравствен инспекторат посочуваат дека и натаму јо следат состојбата и постапуваат согласно надлежностите, односно ќе извршат контролен надзор во објектот на сендвичарницата во однос на контрола на наредените противепидемиски мерки во врска со труењето и ќе преземе соодветни правни мерки.