
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 14, а дневната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје сончево со слаб до умерен северозападен ветер и температура од 10 до 31 степен.
Според УХМР, до крајот на месецот ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината.