Големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Евертон, најверојатно ќе биде следната дестинација на повремениот репрезентативец на Англија и моментално најкритикуван фудбалер во дресот на Манчестер Јунајтед, Том Клеверли.
Младиот играч за врска постојано е критикуван поради очајната форма, а неколку медиуми постојано го прашуваат актуелниот селектор на Англија, Рои Хоџсон зошто упорно му испраќа покана на Клеверли за настап во националниот тим.
Ништо помалку не е разочаран ниту актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, кој веќе ги информирал клупските челници дека Клеверли мора да биде продаден за време на летниот преоден рок.
Таквата информација со големо задоволство била прифатена од актуелниот менаџер на Евертон, Роберто Мартинез кој е убеден дека услугите на малдиот играч за врска можат да бидат осигурани и со понуда од 15 мил. фунти.