„Супер Скопје“ викендов во Старата скопска чаршија

Граоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и овој викенд ве поканува да присуствувате на одличната забава во Старата скопска чаршија која ќе се одржи во рамки на „Супер Скопје“.

-Овој викенд „Супер Скопје“ продолжува во Старата скопска чаршија, на две локации, каде во петок забавата ќе биде на плоштадот „Скендер бег“, додека во сабота на просторот пред црквата „Свети Спас“. Повелете во Старата скопска чаршија и уживајте во богатата музичка програма и во сето она што ни го пружаат угостителските објекти, пишува Трајановски на Фејсбук.