Груевски во посета на општина Бутел: Нови улици во Визбегово во вредност од 14 милиони денари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во четвртокот беше во посета за општина Бутел.

„Нови улици во Визбегово, општина Бутел, во вредност од 14 милиони денари. Покрај ова се работи на 7 километри асфалтна мрежа и патишта во општината“, информира Груевски за посетата на социјалната мрежа Фејсбук.