Жители на Ѓорче Петров: Средствата предвидени за мигрантите може многу подобро да се искористат за граѓаните на Македонија (ВИДЕО)

Граѓаните на општина Ѓорче Петров се населување и интегрирање на бегалци и мигранти, како во нивната општина, така и во цела Македонија.

„Мигранти не сакаме да се населуваат зашто Македонија е мала земја и нема толку голема територија за да имаме ние и мигранти. Второ, ние немаме работа за нашите, а на телевизија кажуваат дека ќе се им обезбеди на мигрантите работа, школување на децата и станови. Ние за нашите деца немаме станови“, вели жителка на општина Ѓорче Петров.

Друг жител на општината истакнува дека средствата кои се предвидени за бегалски кампови, нивно интегрирање и вдомување, можат да бидат многу добро искористени граѓаните на Македонија.

„Има многу граѓани во државава кои сѐ уште си го немаат сопствениот станбен простор решено, живеат под ќирии. Малку е непринципиелно, некој доаѓа од страна, имал проблем, проблем што го нанесол некој друг и тие имаат некоја друга цел да појдат некаде подалеку, а ние да ги задржуваме тука и да им овозможуваме услови за живот и услови за работа, а тоа прво не е решено кај нас“, вели жителот на Ѓорче Петров.