Тројца ранети во експлозија во центарот на Киев

Три лица се повредени во експлозија на „непозната направа“ во четвртокот во центарот на украинската престолнина Киев, недалеку од зградата на претседателството, во текот на прославата на Денот на националноста, соопшти полицијата според којашто се претпоставува дека станува збор за криминално дело.

„Три лица се примени во болница со повреди“, се наведува во соопштението на полицијата, во коешто се додава дека и нивната здравствена состојба се проценува. Покрената е истрага за „обид за убиство“, се додава.

Експлозијата се случила околу 13 часот по локални време во улицата „Грушевски“ во којашто се зградата на украинската влада и неколку десетици метри оддалечена од зградата на претседателството, каде што претседателот Петро Порошенко во четвртокот го прими американскиот министер за одбрана Џим Матис.

Матис во време на експлозијата бил во украинското министерство за одбрана, во друг дел на Киев и во попладневните часови ја напуштил Украина без проблеми.

„Мислиме дека станува збор за хулиганство“, изјавила за AFP портпаролката на украинската безбедносна служба Олена Гиранска.

Во земјите од поранешниот Советски сојуз под терминот „хулигантство“ се означува насилство и реметење на јавниот ред.

Експлозијата се случи додека Украина ја слави 26-годишнината од независност која ја стекна во 1991 година, со распаѓањето со Советскиот сојуз.

На парадата одржана претпладнето во Киев првпат учествуваа и американски војници, а присуствува и украинскиот претседател Петро Порошенко и американскиот министер за одбрана Џим Матис.