„За овие пет години покажавме како се работи како тим. Сложно и единствено. Заедно со премиерот Груевски, заедно со министрите, со пратениците, со советниците, со градоначалниците. Како ја менуваме Македонија. Се сеќавам пред пет години со Влатко бевме тука и колку имаше незадоволни земјоделци. Имаше незадоволство од тоа што не беа откупени земјоделските производи, што патиштата беа напуштени, што селаните беа оставени сами на себе. Сами да се грижат за себе. Но, денес гледам колку многу нови патишта се направени. Денес гледам колку субвенции се поделени. Денес гледам колку има интерес за сите луѓе да ги почувствуваат промените во Македонија,“ изјави Иванов на митинг во Зрновци.
Оваа година биле реконструирани 25 улици се реконструирани во оваа година како и четири локални патишта во вредност од 180 илјади евра.
„Изградена е и училишна спортска сала во училиштето „Синиша Стоилов“ со 187 ученици. Инвестиција од 23 милиони денари. Изградено е и повеќенаменско игралиште. Секаде нешто се гради, секаде нешто се создава. Така успева Македонија. Успева со дела. Успева со луѓе кои се посветени и си ја сакаат Македонија. Затоа што сите сме Македонија. Сите сме тие што даваме доверба на оние што ја водат Македонија. Македонија се сака со дела. Македонија се сака кога градите и придонесувате луѓето да бидат среќни. Да гледаме насмевки на луѓето, да гледаме задоволство, да гледаме дека секаде нешто се менува,“ потенцираше Иванов.