Иванов: „Текспорт“ ќе отворат трета фабрика ќе се вработат 200 луѓе

„Привлековме речиси две милијарди странски инвестиции. Тие инвестиции се секаде околу нас. Се инвестира во се во Македонија. Така Македонија расте во височина, се гради Македонија. Се создаваат услови младите да живеат, да останат во Македонија. Затоа се издвоени и 500 милиони евра за субвенции за земјоделието во последниве години. Земјоделието само минатата година ги врати тие пари, затоа што извозот на земјоделските производи од Македонија, само минатата година, беше 500 милиони евра,“ рече Иванов на митингот во Виница.

Тој потсети дека се прават многу патишта кои олеснуваат да доаѓаат и странски инвеститори.

„Се создаваат услови за да можат да се привлечат нови и нови инвеститори.Затоа австриската текстилна компанија „Текспорт“ ќе ја отвори својата трета фабрика во Македонија токму тука, во Виница. Тоа ќе значи 200 вработувања за Виничани.За оваа текстилна компанија добиени се сите градежни дозволи и изградбата ќе започне во јуни.
Тука исто така, продолжува со компанијата „Макпрогрес“ која учествува во инвестициите и со изградба на нови капацитети. Се очекува уште 80 луѓе од Виница да се вработат,“ изјави Иванов.