Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Македонска Каменици, Делчево и Берово и помал митинг во Пехчево.
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски ќе има митинг во Куманово, а средби со граѓани во Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричани.
Коалицијата ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Штип и средби со граѓани во Свети Николе и во Карбинци, како и посети на семејство во село Радање и на занаетчија во Штип.