Нема таа сила што може ВМРО да го уништи! ВМРО не е вештачка партија, ВМРО е генот на Македонецот, а тоа не можеш да го уништиш, порача пратеникот Јохан Тарчуловски.
„Кој што сака да помисли, кој што мисли дека ќе му наштети, ќе го уништи, ќе го срози, ние како феникс од пепелот ќе излеземе и ќе им покажеме дека кога е најтешко ВМРО-вецот и Македонецот нема да се предаде. Никогаш не сме се предавале, нема ниту сега да се предадеме. Во овие тешки моменти некој ќе дојде и ќе те праша ‘Кој беше во Прилеп?’ Во Прилеп беа вистинските, искрените ВМРО-вци. Во Прилеп не беа тие што дојдоа за да успеат во животот за кратко, во Прилеп беа тие што се од 1991-ва до денес. Тие што никогаш не го свртеа грбот на ВМРО-ДПМНЕ’, порача Тарчиловски.
Тарчуловски рече и дека другите веќе се префрлиле во други партиски редови и со тоа станало јасно кој бил со ВМРО за бенефит, а кој за четирите свети букви.
„Отсега натаму, треба на сите да ни биде многу важно и многу јасно, да знаеме да го цениме правиот, искрен ВМРО-вец. Да го цениме тој што кога било најтешко бил тука“, додаде.
Видеото објавено од Маркукуле е насловено како „ЈОХАН со најискреното, најмакедонското обраќање!“