Полиција: Можеби никогаш нема да се дознаат причините за трагичниот лет на МХ370

Шефот на малезиската полиција, Калид Абу Бакар, изјавил дека можеби ќе биде потребно многу време за истрагата за исчезнатиот малезиски авион на летот МХ370, а можно е и никогаш да не се утврди причината за трагедијата.

Кривичната истрага и понатаму е насочена кон четири правци – киднапирање, саботажа, лични или психички проблеми на патниците во авионот.

„Истрагата се движи полека. Мораме да ја расветлиме секоја и најситна работа. На крајот од истрагата, можно е и да не се дознае причината за трагедијата“, изјавил Бакар.