
Пожарникарите и во понеделникот утрото се борат против пожарот што избувна во саботата во селото Мариес, на островот Закинтос.
Во областа работат 150 пожарникари со 53 возила, четири хеликоптери и пет авиони.
Во меѓувреме, во источниот дел на островот избувнаа три нови пожари за кои локалните власти се сомнаваат дека се подметнати.