
Трансродови војници и припадници на американската армија поднеле во понеделникот две тужби против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им го забрани служењето во вооружените сили на САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го потпиша меморандумот со кој ја укинува мерката на својот претходник Барак Обама со којашто од јуни 2016 година им се дозволуваше на трансродовите лица да служат во армијата.
Американската унија за граѓански слободи (ACLU), којашто се смета за финансирана од фондациите на берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, поднела тужба во Балтимор во името на тројца трансродови киленти од кои двајца сакаат да станат припадници на армијата, е едниот веќе бил.
Трамп во јули најави дека има намера да издаден забрана пишувајќи на социјалните мрежи дека на трансродовите лица нема да им биде дозволено да служат во војската „во кое и да е својство“.
Ви петокот неговите планови станаа и официјални, и истакна дека треба да се спроведат дополнителни истражувања за тоа дали трансродовите лица ја поткопуваат „воената ефикасност и убоитост, ја нарушуваат кохезијата на единиците или даночните издвојувања за војската за нивната медицинска нега“.
Во текстот од документот американскиот претседател Доналд Трамп се наведува и дека им дава препорака на министрите за одбрана и за внатрешна безбедност „да се врати во дејство во текот на долги години до јуни 2016 година активната политика кон трансродовите лица во воената служба“.
Меморандумот, исто така, му забранува на Пентагон да ги користи своите ресурси за извршување на операции за промена на полот на војниците, освен онаму каде што тоа е започнато. На министерствата за одбрана и за внатрешна безбедност, претседателот им наредува самите да определат како ќе постапуваат со трансродовите лица коишто веќе служат во вооружените сили на САД. Соодветниот закон ќе стапи на сила на 23 март 2018 година.
Џош Блок од ACLU изјави дека секое тврдење на Трамп со коешто ја оправдува својата одлука може да биде отфрлено со процената на самото министерство за одбрана.
„Овозможувањето на трансродовите мажи и жени отворено да служат, како и давањето потребна здравствена услуга, со ништо не ѝ штетат на воената подготвеност или кохезијата на единиците“, напипа Блок.