Педесетгодишен маж е повреден во сообраќајна несреќа помеѓу три возила што се случила денеска претпладне во 10,50 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај местото викано Тополки во село Конопница.
Повреденото лице со контузии на граден кош и фрактура на колено е префрлено во ГОБ „8-Ми Септември“ во Скопје, информираа од Здравствениот дом во Крива Паланка.
Поради незгодата сообраќајот на делницата Куманово-Крива Паланка-граничен премин Деве Баир привремено бил во прекин и сега се одвива нормално.