Почина уште едно бебе на Детската клиника во Скопје

Шест месечно бебе утрово починало на Детската клиника во Скопје, објави Курир. Детето,  чии родители се од селото Негорци, било сместено на Интензивна нега.

Директорката на Клиниката, Катерина Ставриќ, за порталот кусо одговорила дека „Министерството за здравство ќе излезе со официјално соопштение“.

Не престануваат трагедиите низ македонските клиники. Овој смртен случај е седми за само 10 дена.

Четири новороденчиња, 7-месечно бебе, две ипол годишно дете и ова 6-месечно бебе починаа за многу кус период. Министерот за здравство Арбен Таравари наместо да превземе одговорност, се потсмева на социјалните мрежи, терајќи политика за повеќе “лајкови“ преку морбидни коментари и споредби.