Дел од корисниците на две скопски улици денеска ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа профил ф-2 цола на улица Иван Хаџи Николов, па без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улиците Иван Хаџи Николов и Сердарот од 10 часот па се’ до санирање на дефектот.