ВМРО-ДПМНЕ: Владата расипнички потроши 350 милиони евра

Едно возило на брзата помош чини околу 50.000 евра со  комплетна опрема.  Во изминативе три месеци, неспособната влада на СДС на чело со Заев од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши 350 милиони евра. СДС со овие пари можеше да набави дури 7000 болнички возила кои ќе спасуваат животи и ќе им беа од корист на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека нови болнички возила нема, нови болници нема, а ги нема ни парите на граѓаните.

-Енормните задолжувања што ги прави расипничката и неодговорната власт на СДС не им носат ништо добро на граѓаните. Ова е време кога болниците стануваат синоним за страв и ужас, а граѓаните ги плаши и самата помисла на лекар додека здравството тоне во очај и мизерија. Здравството запаѓа во катастрофална состојба поради неспособноста на СДС и Таравари а последиците и штетите ги трпат пациентите, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДС и Таравари треба да сносат одговорност за неспособноста, која чини човечки животи.

-Секојдневно умираат новороденчиња на Клиниката за гинекологија, а СДС и Таравари смислуваат беспредметни соопштенија за замајување на јавноста. Додека секојдневно умираат новороденчиња на Клиниката за гинекологија СДС и Таравари смислуваат сооштенија до јавноста како наводно се било во ред и било постапено по сите протоколи и правила. Уште колку смртни случаи се потребни за Таравари и СДС да сфатат дека мора да понесат одговорност и да си одат? Таравари и Заев поставија за директори криминалци, митаџии и луѓе со сомнително минато кои единствена цел им се нивните бизнис интереси. Со министерот за трагедии Таравари и Заев нема добри денови за македонското здравство и затоа колку побрзо си заминат толку подобро ќе биде за сите зошто во спротивно пациентите ќе трпат огромни штети, а Македонија ќе брои изгубени животи, стои во соопштението.

Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ заради ваквата неодговорност, неработа и безчувствителност граѓаните ќе го казнат СДС  на претстојните локални избори на 15-ти октомври.