Локализирани пожарите во општините Зајас и Македонски Брод

Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопшти дека пожарите во општина Зајас и Македонски Брод се локализирани.

Локализиран е пожарот меѓу селата Зајас и Горно Строгомиште каде беа опожарени два хектара борова шума. Во гасењето ангажирани биле 40 лица од Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна бригада, АРМ, Македонски шуми и доброволци.

Пожарот кај местото викано Баба во атарот на селото Слатина во општина Македонски брод каде беше опожарена површина со сува трева и ниско стеблеста шума исто така е локализиран. На терен се ангажирани пет лица од „Македонски шуми“. Локализиран е и пожарот кај местото викано Видуш во атарот на селото Девич и Локвица.

Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, се наведува во соопштението.