Советниците на СДСМ од Куманово, град во кој веќе 27 години владее оваа партијаМ, гласаа против граѓански референдум и изјаснување на кумановци на референдум за планот на Владата за градење на згради и населби за мигрантите, како и нивно вработување.
Советот на Општина Куманово ја отфрли иницијатива за распишување референдум против изградба на станови за мигранти на територијата на општината Куманово. На последната седница, мнозинството советници од коалицијата на СДСМ не дадоа поддршка на предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред да се најде донесување на одлука за распишување на референдум преку кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за населување и интеграција на мигранти на територија на Општина Куманово, ниту, пак, ја поддржаа граѓанската иницијатива „Будење“, која собра над 1.000 потписи од граѓаните.
„И покрај нашата аргументација за оваа иницијатива мнозинството советници на седницата, предводено од СДСМ и неговите коалициони партнери, со крајно паушални и несфатливи констатации истата ја отфрли. Со ова отфрлање директно, граѓаните на Куманово беа спречени самите да одлучуваат за судбината на својот град и за иднината на своите деца“, изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски.
Куманово е една од трите општини во државата со локална власт на СДСМ, која не изгласа одлука за распишување на референдум за изјаснување за„Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“.