Новата полициска станица која во време на ВМРО ДПМНЕ ја добија на користење полициските службеници и граѓаните на Јегуновце, чинеше околу 300 000 евра. Објектот беше изграден од темел и одговараше целосно на потребите на жителите, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-За изминативе три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши над 320 милиони евра. Со овие пари СДС можеше да изгради нови 1000 полициски станици од овој тип. Парите ги поделија по нечии џебови, а не изградија ниту една полициска станица во која што полициските службеници би имале попристојни услови за работа, се вели во соопштението.
Од партијата велат дека парите за граѓаните и безбедноста се кратат, а Шекеринска си набавува лешници во вредност од 5000 евра и државата продолжува да се задолжува.
-Неспособната влада на Заев за само 3 месеци владеење, успеа државата да ја истурка кон банкрот. Oткако дојде на власт СДС не исполни ниедно ветување, не спроведен ни еден проект a парите на граѓаните исчезнaa. Граѓаните имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса, се вели во соопштението.
Од партијата велат дека неспособната влада на СДС со енормното задолжување си игра со судбината на нашите деца кои во иднина треба да ги враќаат парите.
-Заради вакво неодговорно и неспособно раководење со државата Зоран Заев и СДС на 15-ти октомври од граѓаните ќе бидaт казнети, се наведува во соопштението.