Стари и компромитирани кандидати за градоначалници на СДСМ

Кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ се стари компромитирани кои зад себе имаат многубројни финансиски скандали, криминал, корупција, а дел се и деца на познати олигарси, пишува порталот „Курир“.

Кандидатите за градоначалници од СДСМ се следни: Златко Марин (Аеродром), Милетие Халими (Арачиново), Велимир Смилевски (Бутел), Перо Костадинов (Валандово), Аце Коцевски (Велес), Борче Ѓоргиевски (Гази Баба), Лазар Петров (Демир Капија), Александар Наумовски (Ѓорче Петров), Филип Темелковски (Кисела Вода), Томче Христоски (Крушево), Соња Стаменкова (Македонска Каменица), Тони Делков (Неготино), Јован Стојаноски (Охрид), Спресим Ајроски (Пласница), Живко Гошаревски (Ресен), Сашо Велковски (Свети Николе), Далибор Богдановски (Сопиште), Жаклина Јовановска (Старо Нагоричање), Коста Јаневски (Струмица), Горан Стојановски (Чашка), Благој Бочварски (Штип).

Аце Коцевски кандидатот за градоначалник на Велес кој два мандати беше градоначалник зад себе има бројни финансиски скандали.

Александар Наумовски кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од директор на затвор каде има криминал и корупција ќе се бори за градоначалничкото столче, а истиот тој веќе еднаш беше поразен.

Филип Темелковски кандидатот за градоначалник за скопската општина Кисела Вода е син на олигархот Зоре Темелковски.

Членот на советот на општина Гази Баба во 2011 година, а сегашен кандидат за градоначалник Борче Ѓеоргиевски и пред 6 години го искажал јасниот став на СДСМ против субвенционирање на чистењето одводни канали во општина Гази Баба, во корист на граѓаните.

За кандидатот за општина Аеродром, Златко Марин дел од медиумите пишуваа дека на мала група од Фемили Аеродром им е ветена премија од 15.000 евра плус навивачка опрема доколку таа мала група успее да ги убеди останатите навивачи во општина Аеродром да го поддржат Златко Марин, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општината.

Благој Бочварски пред да дојде на власт на граѓаните на Штип им ветуваше брда и долини, сега откако стана власт граѓаните може да го видат вистинското лице на СДС. Едно ветуваа за време на изборите друго прават за време кога владеат. Исто се случи и со автопатот Штип-Скопје, за време на кампањата пред изборите ветуваа дека експресно со забрзано темпо ќе го градат а сега откако дојдоа на власт сведоци сме дека за 20 дена од нивното владеење ја запреа изградбата на оваа капитална инвестиција. Ова само не потсетува како вистински владееше СДС во минатото и како од тогаш до денес кај нив ништо не се променило.