Пожар во Домот „25 Мај“ во Скопје

Ноќеска, околу 1 часот, во Скопје на ул.„Александар  Урдаревски“ во Дом  „25 Мај“, од засега непознати причини настанал пожар на првиот кат во женскиот оддел, во соба во која биле две малолетни  девојки.

МВр информира дека опожарени се два кревета, шифоњер и друга покуќнина.

Од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот е локализиран.

Од пожарот, поради вдишување на чад една од девојките  побарала лекарска помош. Од екипа на Итна медицинска помош дадена и е лекарска помош и потоа е згрижена во Домот каде е сместена.