Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Штип, Благој Бочварски нема против да се учи албански иако нема албанско малцинство во градот

Она што го негираа пред неколку месеци, со денешното првично разгледување на законот за јазици се потврдува како горчлива вистина. Двојазичноста тропа на вратите на општините, дури и онаму каде нема потреба за тоа, како што е Источна Македонија.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска оддржа прес конференција на која укажа дека и кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Благој Бочварски поддржува воведување на албански јазик во Штип. Тоа го поткрепија и со интервју на Бочварски на една локална телевизија во која тој нема ношто против да се изучува албански во Штип.

„Според кандидатот за градоначаллник на Штип од редовите на СДС, Благој Бочварски, ова е иднината на Штип! Ова не се празни зборови, од денес, благодарение на Благој Бочварски и Штип станува двојазичен град“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ Штип при што ја објавија неговата изјава.

Штип е град во кој речиси и да нема албанско малцинство заради што и нема потреба одредбите од предлог законот за јазици за двојазичноста да важат во Штип.