Грчките власти спасија 210 мигранти крај островите Крит и Лезбос

Грчките власти соопштија дека спасиле од оштетена јахта 103 мигранти, кои ќе бидат одведени на јужниот остров Крит.

Во соопштение на крајбрежната стража се наведува дека јахтата била пронајдена од трговски брод источно од Крит рано изутринава, откако властите добиле повик за помош по телефон.

Засега не е познато од каде пловела, ниту која била крајната дестинација на јахтата.

Крајбрежната стража вчера спасила уште 107 бегалци и мигранти од два мали брода, во два одделни инцидента во близина на источниот остров Лезбос.

Според податоците на ОН, 15.230 бегалци или мигранти  оваа година пристигнале во Грција по морски пат.