
Седум лица, од кои едно потешко, се повредени во тешката сообраќајна несреќа која вчера околу 12 часот се случи на наплатната рампа Глумово, на автопатот Тетово-Скопје.
Од полицијата информираат дека комбе „Пежо Боксер“ со скопски регистарски таблички управувано 40 годишниот скопјанец Ј.Б. удрил во кабина од патарината, а потоа и во автомобил „Фолксваген Шаран“ со албански регистерски таблички управуван од И.П. (47) од Албанија.
Во несреќата со полесни повреди се здобиле вработениот на патарината Д.П. (47), возачот на „Шаранот“ и сопатниците, сите од Албанија, К.Т. (60), Џ.Ф. (53), А.В. (23), Ј.В. (21) и неколку месечно бебе, додека потешко повреден е сопатникот Д.Л. (32).
Со возила на Итна медицинска помош сите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде полесно повредените по укажаната лекарска помош се пуштени, додека Д.Л. е задржан во Клиничкиот центар.
Екипи на СВР Скопје извршиле увид на местото на несреќата.