Милошоски: Царовска манипулира, 47.000 вработени во приватниот сектор земаат плата под 12.000 денари

(ФБ статус на Антонио Милошоски)

Мила Царовска МАНИПУЛИРА!

Јавните податоци од М.финансии Тевдовски потврдуваат дека минимална плата во приватниот сектор (под 12.000д.) во државата земаат 47.000 вработени, и математички прецизно ја демантираат Царовска, која лаже дека минималната плата ќе им се зголеми на 130.000 работници!

Овој јавен и релевантен податок го има и УЈП, Тевдовски го знае по службена должност, а Царовска или лаже или нема поим од материјата?!

За да биде проблемот поголем Владата на Заев & Царовска ги дискриминира вработените во јавниот сектор кои имаат плата под 12.000ден (градинки, болници, претпријатија, тех.персонал, чувари, хигиеничари итн.)! За нив и оваа неколкумесечна мерка со предизборна намена, пу..,пу.., не важи!