Владата на СДС продолжува со исплаќањето на своите долгови кон ергелата невладини организации под капата на СОРОС. Како поинаку да се толкува фактот што министерството предводено од министерот за некултура Алаѓозовски донел одлука со која во манифестацијата Нов културен бран им се овозможува невладини организации и чадор организации да конкурираат за средства, а истовремено да ги исклучи општините од можноста да организираат вакви настани потпомогнати од централната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Очигледно целта е јасна. Со ваков конкурс со кој невладини организации и чадор организации може да добиваат средства ќе се врши брутална исплата на народни пари на учесниците на платеничката шарена револуција. Скандалозно е што општините нема да имаат никаква можност да понудат проект и да добијат средства со кои ќе организираат културна манифестација за своите жители. Таа ексклузивна можност ќе ја имаат невладини и чадор организации, а не од народот избраната локална самоуправа која најдобро ја познава потребата и афинитетите на народот. Оттука уште еднаш се потврдува намерата на власта предводена од СДС, дел од своите наводно невладини организации кои не ги вдоми по институции да ги плаќа со народни пари, ама сега под превезот на проекти за културни настани, истакна Владимир Атанасов.
Граѓаните на Тетово, додаде, немаат потреба од финансирање на ЛГБТ настани туку од изградба на нова градска депонија, нови и подобри улици и водоводна и канализациониа инфраструктура.
-Граѓаните на Тетово имаат потреба од реални мерки и проекти кои ке им го подобрат животот, а не од пари за програми кој никој не знае каде ќе завршат. Не би не зачудило критериумот за висината на грантот да биде бројот на споменици кои ги исфарбаа или бројот на навреди кои беа искажани за македонскиот народ, традиција историја или култура. Граѓаните ке ставата крај на ова лудило на СДС. Тоа ќе го направат на локалните избори кога ќе им испорачаат катастрофален пораз кој ќе биде вовед во предвремени избори на кои ќе се казни целокупната катастрофална политика на оваа антиреформска и ненародна власт на СДС.