
Во пукотници во Белград утрово околу 4 часот, се самоуби 59 годишниот Срѓан Цветановиќ, а повредена е младата актерка Ивана Панзаловиќ (30).
Во Ивана, која е позната по улогата во серијата „Курсаџии“, пукал угледен пластичен хирург од ВМА. Д
Докторот и актерката биле во врска и живееле заедно. Српските медиуми пишуваат дека докторот до пред извесно време бил во брак со колешка од „Военомедицинска академија“. Се развеле неодамна поради Ивана.
Двојката утринава околу 4 часот се скарале, по што докторот пукал во младата актерка, по што се самоубил, пукајќи си во глава.
Актерката со тешки повреди на главата е пренесена на ВМА.