
Предлог-законот за јазици кој е во собраниска процедура по скратена постапка, е противуставен и го урива духот на Охридскиот рамковен договор, изјави професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска-Давкова во дебатата на Макфакс.
-Во правото посветено на јазичната проблематика ваков закон со ваков наслов е непознат феномен. Кога зборуваме за службени јазици дури и за советот на Европа и во Обединетите нации не се вели акт за употреба за јазиците, а второ амандманот пет од ставот еден прави јасна разлика, односно вели дека службен јазик на целата територија и во меѓународните односи е македонскиот јазик и тоа значи дека за ваквиот статус има и треба да има посебен закон и дека не можете ваквиот закон да го мешате со ставот два кој што не вели дека службен јазик на целата територија и во меѓународните односи не е и јазикот кои што го зборуваат и 20 проценти или да вели дека во смисла на став 1 во служба да е и јазикот кои што го зборуваат 20 проценти, туку вели како што е утврдено подолу, а така пишува и во Рамковниот договор, истакна Силјановска.
Таа вели дека во случајот обемот на употреба на јазикот кои што го зборуваат 20 проценти е утврден со ставовите од амандманот пет.
Членовите од предлог-законот кои што кои се однесуваат на униформите, симболите и судските постапки, се носат со двотретинско, а не со обично мнозинство, вели Силјановска-Давкова. Дополнително, вели универзитетската професорка, предлог-законот за употреба на јазиците, не се повикува на регулатива или директива на ЕУ, за да биде со европско знаменце и да се носи по скратена постапка, а освен тоа е и во спротивност со Деловникот на Собранието.