
Првите 100 дена на Владата што јас ја предводев во 2006, значи не во 2008 кога веќе бевме две години на власт, не во 2011, не во 2014 кога имаше уште поголеми резултати и проекти, туку 2006 кога ние дојдовме на власт од опозиција. Ние тогаш имавме најмалку 56 завршени проекти во споредба со ова што го слушавме Заев којшто ниту еден проект не спомнам, исткана денеска во Куманово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во тој град беше на средби со граѓаните.
Посочи дека во првите сто ена по доаѓањето на власт од опозиција ги намлалиле даноците, вовеле рамен данок, го намалиле ДДВ-то за земјоделските производи и механизација.
„Воведовме субвенции за земјоделците, тие нема субвенции. Воведовме најпрво 20 милиони евра како интервентна мерка само за 2006, а потоа постепено го зголемувавме, и стигнавме до меѓу 140 и 155 милиони евра во 2016 евра“, појасни Груевски.
Истакна дека во првите 100 дена успеале да ги направат сите подготовки и да ги отворат јавниот меѓународен мобилен оператор, кој како што рече, успеа и подоцна донесе 70 отсто намалување на цените на телефонските услуги.
„Направивме чекори во однос на образованието. Го поднесовме Законот и тој беше во завршна фаза за отворање на нов универзитет во Источна Македонија. Направивме чекори во повеќе области, во многу области и тоа беше видливо. Луѓето почувствуваа што значи да се има нова влада, со концепт, со стратегија, со план и цврсто насочена кон тоа да го исполни ветеното за само 100 дена. Разликата од тогаш досега е огромна“, потенцираше Груевски.
Верува дека граѓаните ќе се потсетат на тоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ го правела во првите 100 дена, и она што сега го прави Владата која ја предводи СДСМ.