Најмалку 35 загинати во земјотресот во Мексико

Службите за цивилна заштита се распоредуваат на југот од Мексико, кој ноќта кон петокот беше погоден од најсилниот потрес во оваа земја во последните сто години, со магнитуда од 8,2 степени и во кој загинале најмалку 35 луѓе.

Потрагите по преживеани се приоритет во Жучитан, во сојузната мексиканска држава Оахака. Од урнатините во овој град веќе се извлечени 17 тела. Државата Оакаха е најпогодена со 25 жртви, изјави министерот за земјоделие Хозе Калзада.

Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието изјави дека станува збор за најсилниот земјотрес во последните сто години, додека земјата се подготвува во текот на вечерта за налетот на ураганот Катја, со категорија 2 на скалата од 5, кои треба да ја погоди државата Верекруз.