Латвија вторпат по ред се пласираше во четвртфиналето од европското кошаркарско првенство, откако во неделата во осминафиналето ја совлада Црна Гора со високи 100:68 (27:15, 26:22, 29:15, 18:16).
Латвија доминираше во текот на целиот натпревар и статистички беше подобрата селекција. Латвиските кошаркари подобро шутираа за „тројки“, 60 наспроти 41 отсто, остварија голема разлика и во реализацијата на слободните фрлања со 94 наспроти 54 проценти а остварија и повеќе скокови 40 наспроти 25.
До победата Латвија ја предводеа Кристапс Порзингис со 19 и Јнис Тима со 21 поен, а кај Црна Гора најефикасни беа Бојан Дубљевиќ со 21 и Никола Вичевиќ со 16 кошеви.
Латвија е во моментов е петтата репрезентација којашто осигури настап во четвртфиналето од континенталниот шампион по Словенија, Германија, Италија и Грција. Латвија ќе се обиде да избори полуфинале во вторник против Словенија.
Во недела уште се играат три полуфинални дуели. Прво во 14,15 часот започна мечот меѓу Србија и Унгарија, потоа во 17,45 часот Шпанија игра против Турција, а во вечерниот термин од 20,30 часот Русија ќе се соочи со Хрватска.