Цуклев: Првпат по 11 години нема да се зголемат пензиите зашто СДСМ гласаше против

СДСМ денеска пред очите на целата јавност одлучи пензиите на пензионерите да не се зголемат, првпат по единаесет години нема да има покачување на пензиите зашто владјачката партија не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината, изјави Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Собранието.

Според него, СДСМ треба пред пензионерите и целата јавност да одговори зошто се против зголемување на пензиите на пензионерите.

„Ова парламентарно мнозинство покажа и докажа дека за нив партиските интереси се многу поважни од интересите на граѓаните. Со гласањето против Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на денешната седница на Собранието на Репбулика Македонија парламентарното мнозинство предводнео од СДСМ спречи да продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години“, истакна Цуклев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ во знак на револт ја напуштија Собраниската сала, бидејќи пратениците на СДСМ наместо да се борат за интересите на граѓаните во овој случај пензионерите, рече Цуклец, уште еднаш потврдија дека се само гласачка машинерија за штетините одлуки кои што ги спроведува Владата на Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во своето владеење ги зголеми пензиите на сите пензионери во Република Македонија. Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за пензионерите. За разлика од нас СДСМ, продолжи онаму каде што застана во 2006 година, да ги лаже, манипулира пензионерите и да не ги покачува пензиите. СДСМ како и во минатото кога беше на власт им го сврте грбот на највозрасната популација во Република Македонија. СДСМ пред очите на целата јавност спречи пензионерите да добијат покачување на пензиите, онака како што ги спречи студентите да добијат бесплатни компјутери, државните и административни службеници да добијат покачување на платите за 5% и како што спречија да се намалат трошоците за извршување“, посочи Цуклев

Додаде дека ваквото деструктивно однесување на СДСМ ќе биде казнето од страна на граѓаните на претстојните локални избори.