Одредени се термините за 1/4 финалните натпревари во ракометната Лига на шампиони Првиот натпревар меѓу Металург и Кил, во Скопје, ќе се одигра на 19 април, еден ден пред Велигден, во 18:30 часот. Официјалната страница на РК Металург информира дека и Кил дал предлот за реванш-средбата, в недела, на 27 април, со почеток во 14:15 часот, но официјална потврда се чека во текот на денот
Македонскиот шампион Вардар првиот четвртфинален натпревар против Фленсбург, ќе го игра на гостински терен, а бундеслигашот денеска го потврди терминот закажан за 21 април во 19 часот. Тоа е последниот ден од интервалот понуден од ЕХФ, а се паѓа в понеделник, на вториот ден од православниот Велигден. Реваншот е закажан за 26 април, сабота, во 17 часот.