Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос вчера во Брисел имал куса средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на која разговарале и за прашањето за името на Македонија, објави МИА.
„Со генералниот секретар на ОН кусо разговаравме за две главни прашања кои се однесуваат на нас: кипарското прашање се разбира, но и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името. Позициите на Грција се јасни и цврсти, и генералниот секретар го цени тоа“, изјави Венизелос.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, средбата меѓу шефот на грчката дипломатија и Бан Ки Мун се одржа на маргините на самитот ЕУ-Африка.