Силен земјотрес со јачина од 7,8 го погоди северниот дел на Чиле, само еден ден откако шест лица загинаа во земјотресот со магнитуда од 8,2 степени во истата област.
Во Чиле и Перу синоќа е издадено предупредување за опасност од цунами и е побарано илјадници луѓе да ги напуштат крајбрежните области.
Чилеанската претседателка, Мишел Бачелет беше евакуирана од нејзиниот хотел во северниот град Арика, каде што таа присуствувше на оценка на штетите. Последниот земјотрес беше најсилниот од серијата потреси по земјотресот во вчера, кој што уништи 2.600 куќи и доведе до масовна евакуација.
Бачелет прогласи вонредна состојба во северните делови на земјата.