Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), Светскиот ден на здравјето 7 април е посветен на инфективните болести што се пренесуваат со вектори. Овие болести претставуваат еден од најзначајните актуелни јавноздравствени проблеми на глобално ниво, а мотото на овогодинешниот Светски ден на здравјето е „Мал убод, голема закана”.
Институтот за медицина на трудот на Р. Македонија, Скопје – Колаборативен центар на СЗО во соработка со СЗО, Канцеларија во Р. Македонија го одбележува Светскиот ден на здравјето 2014 со одржување Стручен состанок денеска со почеток во 12 часот со присуство на експерти од наведената област од различни институции во земјава.
На Стручниот состанок ќе бидат презентирани предавања во кои наведените болести се разгледуваат од повеќе аспекти со потенцирање на нивното јавноздравствено значење.
Со одржувањето на Стручниот состанок Институтот за медицина на трудот на Р. Македонија, како Колаборативен центар на СЗО, се вклучува во активностите на СЗО посветени на векторските инфективни болести и дава придонес во превенцијата и контролата на овие болести на локално и глобално ниво.