
Поднесените обвиненија се резултат на исклучителното залагање на целокупниот тим на ова Јавно обвинителство бидејќи во суштина во 10- те месеци и покрај сите правни нејаснотии и недоречености во законите, како и одредени опструкции на нашето постапување со кои се соочивме во отворените истраги,иако се работи за навистина сложени кривични дела,сепак успеавме да ги завршиме истрагите кои резултираа со поднесување на обвиненија за кои сметаме дека се обезбедени цврсти докази.
И покрај неопходноста од постоење на соодветен временски период за истражување и преземање на потребните дејствија за докажување на ваков вид на кривични дела, поднесените обвиненија кои се резултат на 10 месечната работа се состојат во прибавување на нави стина обемна документација и доказен материјал, опсежни и сеопфатни материјални докази, употреба на меѓународната правна помош во предметите, сослушување на голем број сведоци, како и обезбедување на неопходните вештачења.
Сето погоре наведено несомнено укажува на оправданоста на обвиненијата зад чие докажување ние цврсто ќе застанеме пред судот, наведуваат во соопштението на СЈО .