Во средбата од 4-то коло на германскиот фудбалски шампионат РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах одиграа 2:2, додека актуелниот шампион Баерн дома го совлада Мајнц со 4:0.
Германскиот вицешампион водеше со 1:0 и 2:1 но на крајот мораше да спасува бод на гостувањето бидејќи во последните седум минути остана со играч помалку откако беше исклучен Наби Кеита.
Головите за РБ Лајпциг ги постигнаа Тимо Вернер во 17 и Жан-Кевин Аугистин во 31, додека стрелци за гостите беа Торган Азард во 25 минута од пенал и Ларс Стиндл во 61 минута.
Во претходно одиграниот натпревар германскиот првак Баерн Минхен очекувано дома го совлада Мајнц со 4:0. Головите ги постигнаа Милер во 11 и Робен во 23 минута, а во второто полувреме двоен стрелец беше Левандовски, во 50 и 77 минута.
Вердер Бремен иако пред своите навивачи поведе со голот на Сане во 20 минута, веќе по две минути со автоголот на Вељковиќ му овозможи на Шалке да изедначи, а победничкиот гол за гостите го постигна Горетцка во 83 минута.
Домашен пораз забележа и Ајнтрахт Франкфурт со 1:2 од Аугсбург. Гостите стаса до сигурно водство преку Макс во 21 и Кајуби во 77 минута, но неизвесноста ја врати Јовиќ веќе во 79 минута.
Штутгард со голот на Аколо во 42 минута го совлада Волфсбург.
На табелата води Хановер 96 со 10 бодови пред Баерн и Шалке кои имаат 8 бодови.