Една жртва и тројца тешко повредени на патот Прилеп-Битола

Како што известуваат од полицијата, на магистралниот пат Прилеп-Битола во близина на селото Српци во неделата наутро околу во 04,30 часот, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „бмв“, со охридски регистарски таблички, управувано од А.Р. (42) од Охрид и патничко возило „киа соренто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (25) од Скопје.

Во незгодата возачот на возилото „бмв“, А.Р., починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С. (36) од Охрид, сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С. (41) од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „киа соренто“, Т.К.

Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.