Сојуз на Ромите: Остануваме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме убедлива победа на локалните избори

Сојузот на Ромите е регистиран политички субјект кој егзистира на македонската политичка сцена уште од 1996 година, што зборува за нејзината сериозност и исправните политики кои се носеле во претходниот период.

Вистинските политики и вистинските решенија кои се носеа во минатите години зборува дека Сојузот на Ромите од Македонија e сериозна партија и секоја нејзина одлука се базира на одредени анализи и долгорочни разговори внатре во структурите на самата партија.

Повод за овој наш демант е изјавата на поранешниот претседател на општинската организација на Сојузот на Ромите од Македонија, г-дин Ашмет Османовски инаку сегашен советник во локалната самоуправа во општина Куманово дека Општинскиот огранок на Сојузот на Ромите од Куманово колективно си поднел оставка.

Г-динот Османовски е разрешен уште на 25.12.2016 година со одлука на Извршниот одбор на партијата согласно член 26 од Статутот на партијата заради негово апстинирање од парламентарните избори кои се одржаа на 11.12.2016 година и незадоволителните резултати во општина Куманово, така да оваа негова прес конференција и неговата изјава немаат никаков легитимитет .

На негово место е поставен в.д. претседател Г-динот Неџат Мехмеди кој во изминатиот период ја консолидира работата на општинската организација на Сојузот на Ромите во Куманово и одлуката за кандидат за советник на Г-динот Срѓан Рашити е донесена во согласност со Статутот на партијата и одредени анкети направени помеѓу членови и симпатизери на Сојузот на Ромите од Македонија во Куманово.

Истовремено ја известуваме целокупната македонска јавност дека Сојузот на Ромите од Македонија останува доследна на својата политика како и во претходниот период и на овие локални избори коалицира со ВМРО ДПМНЕ и очекуваме како и досега убедлива победа која ќе биде повод за организирање на нови предвремени парламентарни избори и победа на коалицијата за Подобра Македонија.