Прво рочиште за случајот „Сопот“

За денеска во Кривичниот суд е закажано првото рочиште за случајот Сопот откако СЈО во јули го презеде случајот.

Во овој предмет 10 лица се осудени за кривично дело тероризам.

Во 2003 година од поставена мина на земски пат загинаа двајца војници на НАТО од Полска и еден македонски цивил. За ова се осудени десет жители на кумановското село Сопот.